Делегација на ЕК на средба со шефот на македонската дипломатија

Mинистерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, денеска ќе се сретне со делегација на Oдделот за Западен Балкан при Генералниот директорат на Европската комисија, предводена од првиот човек во Директоратот за проширување на ЕК, задолжен за Македонија, Дејвид Кулен.

МНР соопшти дека Попоски на средбата ќе ги презентира клучните постигнувања на Македонија во процесот на европска интеграција  со посебен акцент на постигнувањата во областите на слободата на изразување во медиумите, судството, борбата и спречувањето на корупцијата, меѓуетничките односи, политичкиот дијалог, добрососедските односи, реформата на јавната администрација, изборната реформа, пазарната економија, преземените активни мерки на пазарот на труд, а се очекува да го нагласи високото ниво на усогласеност на законодавството.

Посетата на делегацијата на ЕК на Скопје доаѓа неполн месец пред објавувањето на новиот извештај за напредокот на Македонија, најавено за 8 октомври во Брисел.

15.09.2014 - 09:41
Фото: 
либертас


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега