ВИДЕО: Атлетико подобар од Реал во мадридското дерби

Шампионот на Шпанија Атлетико Мадрид синоќа оствари победа во дербито од 3.коло на Примера совладувајќи го градскиот ривал и европски шампион Реал на негов терен со 2:1. Поведе Атлетико со голот на Тиаго во 10. минута. „Кралскиот клуб“ изедначи во 26.минута од пенал преку Кристијано Роналдо, додека победата за Атлетико ја донесе Арда Туран со голот во 76.минута.

На другите дуели од ова коло беа постигнати следниве резултати: Селта – Реал Сосиедад 2:2, Малага – Леванте 0:0, Барселона – Атлетик Билбао 2:0 и Алмерија – Кордоба 1:1.

Денеска се играат натпреварите: Рајо Ваљекано – Елче, Валенсија – Еспањол, Севиља – Хетафе и Гранада – Виљареал. Последниот натпревар ќе се одигра утре меѓу Еибар и Депортиво.

Табела: Барселона 9 бодови, Атлетико Мадрид 7, Селта 5, Валенсија 4, Реал Сосиедад 4, Севиља 4, Гранада 4, Малага 4,... 

14.09.2014 - 10:53


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега