Украинската војска го одбила нападот на проруските активисти на аеродромот во Доњецк

 

Украинската војска денеска соопшти дека успеала да одбие напад на проруски активисти на аеродромот во Доњецк, на истокот на Украина.

- Голем број проруски активисти со поддршка на шест тенкови извршија напад на аеродромот во петокот, кој нашите војници херојски го одбија, соопшти прес-службата на украинската војска за операции на истокот на земјата.

Киев и проруските активисти на 5 септември потпишаа протокол за прекин на огнот на истокот на Украина, кој воглавно се почитува. 

13.09.2014 - 13:34


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега