Чудо од дете: Седмооделенец од Македонија ќе прави робот за Месечината
Седмооделенецот Матеј Предовиќ конструира робот кој ќе и’ помага на војската да ги пронајде непријателите, да ги пронаоѓа и бомбите, но истиот може да се користи во градежништвото и да испитува цевки.
Неговиот робот му донел прво место меѓу стотина учесници на олимпијадата по роботика во Зрењанин, пренесува Канал 5.
-Мојот робот го освои првото место бидејќи беше најинтересниот и најдобриот робот таму. Роботот и служи на војската , треба да и помогне да ги најдат непријателите, исто така и за научниците да испитуваат опасни животни. Потоа за да се пронајдат бомби под коли, за градежништвото , да ги испитуваат цевките. Роботот инаку го конструирав за шест месеци, објаснил седмооделенецот Матеј Предовиќ во интервјуто во вестите за Канал 5.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа