До 15 јуни барања за субвенции за млеко
Млекопроизводителите до 15. овој месец ќе можат да поднесат барања за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко.
Ова го соопѓти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 проценти за млеко произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство .