ФОТО: Како на филм - Киднапирале жена за да им роди бебе
Џоел Локвуд цели два месеци живеела како во хорор филм откако една брачна двојка ја киднапирала со бизарна цел.
Таа исчезнала на 9. јули 2014 година, кога Рики Хаус ја намамил, и ја соблекол гардеробата и гола ја врзал во дрвен кафез во сојузната држава Индијана.
Хаус живеел со сопругата Кендра Тули, а грабнатата девојка ја третирале како свој роб. Една вечер дошол Хигс, поранешниот сопруг на Тули, кому таа се пофалила дека има девојка во кафез.
Тој го видел малиот кафез, не поголем од еден метар во кој била жената врзана со ремче за кучиња, облечена само во маица. Не ја пуштале надвор ниту да врши нужда, а ја хранеле со остатоците од оброците.
Рики често ја силувал и ја злоупотребувал. Ја пуштале само да им подготви јадење и да ја исчисти куќата.
Хигс и ветил дека ќе ја спаси и другата вечер дошол по неа. После кратка тепачка и закани со пиштол, Хигс успеал да ја ослободи девојката и да повика полиција.
Двојката киднапери од жената сакале да им роди бебе бидејќи Кендра не можела да има деца, па така решиле да ја киднапираат Џоел со намера таа да им роди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа