Уапсен таткото осомничен за убиство на своите пет деца
Човек осомничен дека ги убил своите пет деца во Јужна Каролина и потоа со часови возел до руралното подрачје во Алабама каде ги фрлил телата замотани во кеси за ѓубре е уапсен, соопшти денеска американската полиција.
Тимоти Реј Џонс (32) обвинет е за злоставување на децата и полицијата очекува покренување дополнителни обвиненија во врска со смртта на децата, кои се пронајдени мртви покрај автопатот недалеку од Камден во Алабама.
Децата биле на возраст од една до осум години, а нивното исчезнување го пријавила нивната мајка на 3 септември.
Џонс имал заедничко старателство над децата со нивната мајка, од која е разведен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа