Докторите ја породија жената од Ел Салвадор на која и беше забранет абортус
Судот во Ел Салвадор и забранил на дваесет и двегодишна хронична жена да абортира и покрај тоа што носела фетус со пател од аненцефалија – (состојба на потполн или делумен недостиг на мозок и череп). Пресудата била образложена со тоа што мајката немала право над нероденото дете.
Одобрението за предвремено пораѓање го издала министерката за правда на Салвадор и покрај тоа што претходно го замолила судот да и даде дозвола на жената да абортира, а притоа докторите да не бидат правно гонети. Докторите ја породиле вчера со царски рез, во периодот од 26 недела од бременоста. Жената била во стабилна состојба додека бебето кое било девојче и кај кое била утврдена малоформација починало по пет часа. Докторите и претходно немале надежи дека истото може да живее долго. Во Ел Салвадор абортусот е строго забране а максималните казни за истиот изнесуваат и до 50 години затворска казна. Жената веќе имала едногодишен син и на истата и била дијагностицирана автоимуна болест лупус која може да го загрози нејзиниот живот во состојба на бременост.