Европскиот првак Шпанија пресилен за Македонија

Репрезентацијата на Македонија синоќа претрпе убедлив пораз од европскиот првак Шпанија на гостувањето во Валенсија на стартот од квалификациите за ЕУРО 2016. „Црвената фурија“ ја искористи предноста и славеше со 5:1.

Домаќинот поведе со голот од пенал на Серхио Рамос во 16.минута, а веднаш потоа дебитантот кај Шпанија Пако Алкасер во 17.минута зголеми на 2:0. Македонија намали на 2:1 со голот од пенал што го постигна Агим Ибраими во 28.минута, но во финишот на првиот дел Серхио Бускетс 45+3 минута го постигна својот првенец во дресот на Шпанија. На стартот на вториот дел мрежата на Томе Пачовски ја затресе Давид Силва – 50.минута, додека конечните 5:1 ги постави Педро во 90+1 минута.

09.09.2014 - 09:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега