Падна првиот снег во Канада

 

Во западниот дел на Канада неочекувано почна да паѓа првиот снег.

Според Националната метеоролошка служба, во неколку градови во провинцијата Алберта, конкретно во најголемиот Калгари, паднале меѓу пет и 10 сантиметри снег.

Причина за невообичаените снежни врнежи на почетокот на септември е студениот бран кој вчера го зафати југозападниот дел на Алберта.

Само еден ден претходно, во неделата, температурите во во овој реон достигнаа до 24 степени Целзиусови.

Обично првиот снег во Алберта доаѓа кон крајот на октомври.

09.09.2014 - 09:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега