Луис Хамилтон победи на трката во Монца

Победник на денешната трка за Големата награда на Италија во формула 1 е возачот на Мерцедес Луис Хамилтон. Ова за него е 6.ти триумф сезонава или вкупно 28- ми во кариерата.

Место на победничкиот подиум избори неговиот клупски колега Нико Розберг, а по подолго време „подиум“ освои и Фелипе Маса, како возач на Вилијамс со пласманот на третото место.

На четрвртата позиција се пласира вториот возач на Вилијамс, Валери Ботас, пред двајцата возачи на Ред Бул, Даниеле Рикардо и Себастијан Фетел.

Иако ја имаше пол позицијата на стартот од трката, Хамилтон лошо тргна поради технички проблеми и се најде на четвртото место. Поради проблеми трката во 30.круг ја заврши возачот на Ферари, Фернандо Алонсо.

Во генералниот пласман води Розберг со 238 бодови, Хамилтон има 216, Рикардо 166, а со денешните бодови Ботас со вкупно 122 го мина Алонсо, кој остана со 121.

Кај конструкторите води Мерцедес со 454 бодови.

Следната трка се вози на 21.септември за Големата награда на Сингапур.

07.09.2014 - 15:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега