Бесими во Австрија на средба со неговиот колега Круз

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска престојува во работна посета на Република Австрија.

За време на посетата Бесими ќе оствари средба со министерот за надворешни работи и интеграција на Република Австрија Себастијан Курз.

Вицепремиерот Бесими, како што соопшти неговиот Кабинет, на средбата ќе се осврне за процесот на интеграција на Република Македонија, како и за последните постигнувања на земјата во однос на членството во Европската унија.

05.09.2014 - 10:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега