Русија ги зголемува тензиите во Украина
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ја обвини Русија дека продолжува да ја дестабилизира ситуацијата во источна Украина.
Расмусен тоа го изјави во Њупорт, Велс при пристигнувањето за дводневниот самит на НАТО.
Запрашан за планот на Путин за прекин на огнот во источна Украина, Расмусен вели дека Алијансата ги поздравува напори за изнаоѓање мирно решение, но она што е важно е што се случува на теренот.
Москва негира дека испратила војски во Украина, но НАТО смета дека повеќе од 1.000 руски војници дејствуваат на територијата на државата.
Расмусен додаде дека политичките и дипломатски канали остануваат отворени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа