Јужна Кореја и САД ќе формираат заедничка воена механизирана единица
Јужна Кореја најави формирање заедничка воена механизирана единица со САД, чија задача ќе биде да го уништи оружјето за масовно уништување со кое располага Северна Кореја во случај на судир, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
– Тоа ќе биде прва комбинирана борбена единица со задача за извршување воени операции, наведува Министерството.
Јужнокорејските медиуми јавуваат дека во случај на војна таа единица ќе треба да го уништи нуклеарниот арсенал на северниот сосед.
Околу 30.000 американски војници се стационирани во Јужна Кореја, а во случај на војна предвидено е командата врз јужнокрејската армија, која има 640.000 војници, да ја преземат САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа