Поради катастрофата во Мексиканскиот залив Халибартон ќе плати 1,1 милијарди долари отштета

 

Откако британскиот нафтен „џин“ БП, пред две години се согласи да плати 7,8 милијарди долари отштета поради загадување на Мексиканскиот залив поради излевање нафта, и американската фирма Халибартон се согласи да плати 1,1 милијарди долари отштета поради таа еколошка несреќа.

Во експлозија на нафтена платформа Дип Вотер Хорајзон во 2010 година, загинаа 11 работници, а нафтата со месеци се излеваше од платформата во Мексиканскиот залив уништувајќи го рибниот фонд, загадувајќи го брегот и загрозувајќи го рибарството во тој дел од САД.

Отштетата ќе биде исплатена на рибарската индустрија и други жртви на несреќата. Халибартон обезбедувал цемент за изградба на нафтената платформа и лани признаа дека уништиле компјутерски симулации кои инженери ги изработиле по несреќата.

03.09.2014 - 11:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега