„Деца на сонцето“ на меѓународен фестивал во Лондон

На 22. меѓународен филмски фестивал „Реинденс“ во Лондон филмот „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески ќе доживее светска премиера на 25.септември.

Филмот доби покана да биде прикажан во официјалната програма и со тоа го стекнува правото да се бори за главната награда на фестивалот, кој се  одржува секоја година од 24 септември до 5 октомври.

- Ова е филм правен со многу љубов и позитивна енергија, која екипата безрезервно ја даваше. И мислам дека тоа се чувствува во секоја сцена од филмот. Настојувавме да допреме до вистината и до внатрешните немири на ликовите. Веруваме дека филмот ќе допре до публиката и критиката. Тој носи верба и надеж, изјави Митрикески.

Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Билјана Таневски, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Емир Хаџихафизбеговиќ се дел до актерката екипа.  Филмот е работен според сценарио на Гордан Михиќ, а го монтираше култниот Андрија Зафрановиќ. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски.

02.09.2014 - 10:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега