Во општина Илинден запишани двесте првачиња

Во трите централни и петте подрачни училишта во Општина Илинден денеска беше прв училишен ден за 200 првачиња. Добредојде и успешна учебна година им посакаа директорите на училиштата и наставниците. Во чест на новите првачиња, пригодна приредба подготвија учениците од повисоките одделенија.

- Новата учебна година почна за 2.000 ученици во трите основни училишта во општината. Во училишните клупи седнуваат и средношколците во Илинден. Во првото средно стручно училиште „Илинден“ учебната година ја почнува и втората генерација средношколци запишани во двете паралелки за електротехничка струка и за информатика, комуникациска технологија и автоматика, информира Општина Илинден. 

01.09.2014 - 15:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега