Ново труење во позната сендвичара во центарот на Скопје

Младоженец од Штип заедно со неговата сестра, невестата и кумовите се затруле од храна купена во позната сендвичара во строгиот центар во Скопје и завршиле на инфективното одделение во Штипската болница. Анализите на мострите од сендвичарата се во тек, и доколку се потврди дека се работи за труење ќе поднесам тужба, изјави за „Вечер“ штипјанецот Лазар.

Според него причина за труењето била храната што ја јаделе во Скопје, бидејќи пред да си заминат за Штип, купиле сендвичи од една позната сендвичара лоцирана во центарот на Скопје, по што почнала нивната “одисеја”.

Доколку лабораториски се потврдат сомневањата дека храната е контаминирана со оваа опасна стомачна бактерија, тој најави дека ќе бараат отштета од сопственикот, менаџерот на сендвичарата, односно ќе поднесат тужба за сите стресови и последици што ги имаат од труењето.

Според неговите информации сендвичарата била затворена, но по денешната обиколка на „Вечер” на лице место утврдиле дека таа работи со полна пареа. Лазар не сакаше да го обелодени името на сенвичарата предвреме, во интерес на објективното информирање, за да можат инспекторите, без притисоци да си го сработат својот дел од обврските.

01.09.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега