Канадскиот собраниски спикер Шир во посета на Македонија

Денеска во официјална посета на Македонија ќе пристигне претседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Канада Ендру Шир. Се очекува тој да оствари средба со претседателот Иванов, и неговиот колега Трајко Вељановски. Покрај нив Шир ќе оствари средби и со претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Канада, Александар Николоски и членовите на групата.  

Посетата на Македонија Шир ќе ја започне со полагање цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија, а потоа ќе се обрати и пред пратениците на Собранието на Република Македонија.

01.09.2014 - 09:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега