Протестите во Турција ја земаа првата жртва
Дваесетгодишно момче загина во такси кое било нападнато од група демонстранти на булевар во Истанбул за време на антивладин протест.
Тоа е првиот смртен случај од почетокот на протестите во Турција.
Во инцидентот се повредени четири други луѓе од кои еден е во тешка состојба.
Протестите почнаа пред четири дена заради планови на властите да реновираат во централниот дел од плоштадот Таксим во Истанбул, но по претерано острана интервенција на полицијата се проширија и на други места и станаа најголеми антивладини демонстрации во државата во изминатите неколку години. По новите протести и судири на полицијата и антивладините демонстрации во ноќта во голем број турски градови, полицијата денеска во Анкара повторно употреби солзавец.