Бездомник осомничен за секс со душек

 

Бездомникот Мартин Грегори од Дери, Северна Ирска, е осомничен за секс со душек.

Инцидентот се случил на паркингот пред домот за стари лица во Дери. Бездомникот бил пуштен на условна казна, бидеќи само неколку недели пред овој инцидент, украл три паричници.

Полицаецот го следел 52-годишниот бездомник откако го видел како се движи кон паркингот кој најчесто го користат станарите од соседните улици или старите лица од домот. Звукот на ДВД-то бил пуштен до крај, а тој соблечен се обидувал да има секс со еден запуштен душек.

Иако повеќето од станарите биле будни во тој момент, никој не сакал да го коментира инцидентот, изјавил полицаецот за Дејли Мирор.

Бездомникот досега бил осудуван за вкупно 72 прекршоци, од кои четири биле од сексуална природа, а за најновиот од нив изречени му се четири месеци затвор и две години условна казна.

30.08.2014 - 14:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега