НАТО ќе формира сили за брза реакција составени од 10.000 војници

 

Седум земји-членки на НАТО планираат да оформат нови сили за брза реакција од најмалку 10 илјади војници, во рамки на плановите за јакнење на одбраната на НАТО, а во контекст на руската интервенција во Украина, објави „Фајненшл тајмс“.

Весникот наведува дека цел е формирање заеднички сили со големина на дивизија за брзо распоредување и редовни вежби. Тие сили, под водство на Велика Британија, би вклучувале и водухопловни, копнени и морнарички единици.

Во проектот ќе бидат вклучени Данска, Летонија, Естонија, Литванија, Норвешка и Холандија, а и Канада изразила заинтересираност.

Се очекува веста за формирање на тие сили следната недела да ја соопшти британскиот премиер Дејвид Камерон, што се совпаѓа со одржувањето на НАТО Самитот во Велс, на 4 и 5 септември.

30.08.2014 - 11:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега