Си го следам бившиот на Facebook преку лажен профил

Секоја петта жена после раскинувањето се обидува да остане во контакт со бившиот преку социјалните мрежи – и за тоа веќе зажалиле. Исто толкав број на жени признале дека создале и лажни профили за тајно да ги следат бившите, покажува истражувањето на британската компанија OnePoll. Според податоците,  само 48 отсто од жените ги прекинале сите контактите со бившите на интернет.
Околу 18 проценти од луѓето велат дека поради достапноста на социјалните мрежи доаѓаат во искушение да се слушнат со бившиот партнер, но успеваат да одолеат на искушението и да се задоволат со  информациите што тој ги објавува.
- Социјалните мрежи ни олеснуваат и овозможуваат и понатаму да ги следиме лицата кои порано биле дел од нашите животи. Но понекогаш тоа станува вистинска опсесија, велат психолози. Велат дека е едно да наидете на фотографија или информација за бившиот партнер а сосема друго е да сте опседнати со тоа што го работи.

30.08.2014 - 00:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега