Исчезна тинејџерка во Виена
15- годишната тинејџерка од Полска Мнгелика Малгоржат Гарбач последен пат е видена во Виена, од каде и се губи секаква трага
Таа, како што вели нејзината мајка, кон крајот на јули побегнала од семејната куќа во Виена, од каде и се губи секаква трага. Таа знае дека некое време била кај својот 20-годишен пријател, со кој се запознала преку Фејсбук. По неколку дена, тој им пријавил на нејзините родители дека ќерката им исчезнала.
Последен пат е видена во Леополдштат, 2. виенска општина и од тогаш нема никаква трага ниту глас.
-Нашата ќерка замина на 28 јули додека не бевме дома. Зела само една патна торба и лаптопот. Повеќе не одговараше на телефонските повици - изјави мајката на Ангелика.
Таа се сомнева дека за исчезнувањето на Ангелика е одговорен нејзиниот пет години постар пријател, со кој се запознала преку социјаните мрежи во април годинава, и моли за помош да ја пронајде ќерката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа