Претседателот на Романија бара ЕУ и НАТО да ја снабдат Украина со оружје

 

Претседателот на Романија Трајан Басеску изјави денеска дека Европската унија и НАТО мора да ја снабдат Украина со оружје која е во оружен судир со проруски активисти на исток во државата.

Басеску рече дека на самитот на НАТО в сабота ќе побара од членките на Алијансата да и помогнат на Украина со испраќање оружје.

– Ако сакаме да му дадеме на украинскиот народ шанса...мора да ја снабдиме украинската армија со се што можеме, нагласи Басеску на годишен состанок со романските дипломати.

Басеску се залага и за воведување спрема Русија на „ново ниво санкции“.

Амбасадорот на Украина во ЕУ, Константин Елисеев повика вчера за воена помош на Брисел од „големи размери“.

29.08.2014 - 16:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега