Еве колку му плаќа убиецот на Тијана на својот адвокат

 

Адвокатот Виктор Гостиљац, кој го застапува Драган Ѓуриќ- осомничениот за свирепо убиство на 15-годишната Тијана Јуриќ во Бајмок, според официјалната адвокатска тарифа за одбрана на својот клиент, би можел да заработи 12.000 евра и повеќе од тоа.

Како што дознава српски Курир од адвокати кои се занимаваат со кривично право, сумата за одбрана на најголемиот злочин може да достигне и неверојатни 50.000, но и 150.000 евра.

Но, дали парите го поттикнаа познатиот адвокат да го брани Ѓуриќ, Гостиљац не сака да открие.

-Мотивот може да биде дознавање на вистината, професионалниот престиж и парите, вели адвокатот Гостиљац, но не сака да открие што од сето тоа е негова сатисфакција.

Адвокатот Небојша Милосавјевиќ, верува дека мотивот на Виктор Гостиљац да го брани Драган Ѓуриќ не се парите, туку рекламата.

-Веројатно го понесе случајот. Го сметам за угледен адвокат, кој застана да брани човек пред кој се крена на нозе цела земја. Тоа е професионален предизвик, бидејќи таков предмет се појавува еднаш во 100 години. Кај најтешките кривични дела пресудата може да биде или максимална или ослободувачка, а се останато има врска со корупција или некое атипично однесување, вели Милосавјевиќ, кој додава дека висината на одбраната зависи од случајот.

 

29.08.2014 - 14:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега