Социјалдемократите попарени во Берлин - опозицијата мора да биде во парламентот

 

Студен туш за социјадемократите во Берлин. По самитот Германија - ЕУ - Западен Балкан јасен заклучок. Опозицијата мора да биде парламентот а единствен проблем за Македонија на патот на евроатланските интеграции е спорот кој Грција го има со нашето име. 

„Во политичкиот дел за Македонија главно беше спомнато за проблемот што ни го има отворено нашиот јужен сосед пред повеќе од 20 години. Практично тоа беше единственото што се спомна во делот на политиката и што беше нагласено, за што се разговараше и за што се потенцираше дека е добро да се реши колку што е можно побрзо бидејќи тоа е клучниот проблем зошто Македонија ги нема започнато преговорите за членство во Европската унија и тоа не е тајна“ истакна Груевски.

Извори од СДСМ велат дека раководството имало големи очекувања, но по развојот на настаните, сите на Бихаќка се како попарени. Затоа, според истите извори, медиумите под контрола на СДСМ добиле налог веднаш да започнат со спинување дека пораката од Берлин е дека со Заев мора да се преговара за враќање на СДСМ во парламентот. Дека е така потврди и СДСМ кој побрза во партиско соопштение да ја пушти истата информација. Сепак, дека станува збор за манипулација потврдуваат заклучоците во кои политиките на бојкот на опозицијата воопшто не се ставени како проблем кој ги кочи македонските евроатлански интеграции. Напротив, експертите коментираат дека СДСМ мора да сфати дека Европа не признава бојкот на институциите и дека со тоа, пропаѓа обидот на раководството на Бихаќка, да ја протне тезата дека странскиот фактор стои зад политиките на Заев за бојкот на Собранието. 

Освен политчкиот дел, Груевски во Берлин дискутирал и за еконоските проекти и плановите за развој на Македонија.

- Кај нас се градат три автопатишта во три различни правци, делови од коридори, се гради една железница кон Бугарија. Во план е и градба на експресен пат кон Бугарија и други проекти, енергетски проекти, така што ги спомнав и нив. Ги напоменав и идните планови како што е железница кон Албанија, за која што сега преку ИПА-средства се пристапува кон изработка на проект. Сите други наведоа што се нивни регионални проекти, значи планови за поврзување дали е тоа енергетска, дали е транспортно во смисла железничко или автопатско решение, рече Груевски

Премиерот додаде дека на состанокот, неколкумина присутни спомнале дека Македонија е добар пример за тоа како се привлекуваат странски инвеститори што значи дека земјата нуди добри услови за бизнис вклучувајќи го и владеењето на правото

29.08.2014 - 13:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега