Струјата за домаќинствата првото полугодие поевтина за 0,41 отсто

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во првата половина од годинава изнесувала 4.86 денари по киловат час што е намалување за 0,41 процент во споредба со втората половина од 2013 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во индустријата просечната цена на струјата без данокот на додадена вредност чинела од 3.35 до 8.01 денари по киловат час, а цената на природниот гас се движела од 24.35 до 26.48 денари по nm3.

29.08.2014 - 13:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега