ВНИМАВАЈТЕ: Масовна измама на туристи во Турција

Неколку стотина туристи наседнале на лажни хотелски интернет страници и туристички агенции од Анталија, уплатувајќи големи суми на пари за лажни резервации.

Хотелите кои се нашле на мета на измамниците, тврдат дека вкупниот украде износ на пари достигнува околу 1,7 милиони евра.

Како што пишуваат турските медиуми, агенцијата работела под називот TTM Tourism преку веб страната www.tatilmanya.com и успеала да прелаже неколку стотици клиенти кои поверувале на лажните понуди со ниски цени за летување.

Здружението на туристички агенции во Турција, веднаш и ја одзела дозволата за работа на оваа агенција, која инаку постоела од 2008 година. Агенцијата пак, тврди дека нема поврзаност со гоелмата измама и дека некој им ја хакирал интернет страната.

Клиентите тврдат дека агенцијата составувала лажни понуди за популарнихотели во Бодрум, Анталија и Кемер. На страницата биле наведени лажни телефонски броеви на наводи хотелски службеници кои одговарале на повиците на клиентите и договарале резервации, барајќи од  гостите сумите да ги уплаќаат преку Интернет. Туристите дури добивале и комлетна документација за патување, вклучувајќи и ваучер за хотелот. Сепак, на само два дена пред патувањето, лажните хотелски службеници им се јавувале за да ги известат дека нивната резервација е откажана, бидејќи во хотелот е регистрирано труење со храна и дека парите ќе им бидат вратени во рок од 14 дена, што не се случило.

 

 

29.08.2014 - 11:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега