Се е подготвено за новата учебна година во Ѓорче Петров

Шесте училишта во општината Ѓорче Петров навреме ќе ја почнат новата учебна година 2014/2015. Одговорните се погрижија за сите училишни дворови, училници, пристапни патишта и патеки.

Превземени се вонредни мерки за покачување на нивото на хигиената во училиштата, велат од општината.  

Во соработка со полициската станица Ѓорче Петров, општината на 1-ви септември ќе го зголеми и надзорот над сообраќајот на улиците кои водат кон училиштата заради поголема безбедност на учениците. Оваа акција ќе трае една недела.

Општината апелира до граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите за да можат децата непречено да се движат кон своите училишта, да внимаваат и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци посебно оние кои означуваат близина на училишта.

29.08.2014 - 11:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега