ВИДЕО: Политичар сними леден предизвик но ја заборави марихуаната зад себе

 

Џем Уздемир, лидерот на германската Партија на зелените, го прифати ледениот предизвик, но тој би можел да го доведе во непријатна ситуација.

Имено, полицијата на снимката за хуманитарна кампања крај него забележа стабло на канабис, билка чие одгледување во Германија е забрането.

Политичарот предизвикот го одработил на терасата на врвот на зградата во Берлин каде што живее, но не е јасно дали бил свесен за фактот дека покрај него е контроверзната билка.

Од тој момент, го користи инцидентот за да повика на либерализацијата на Законот за канабис во Германија.

Тој истакна дека неговата партија се залага за слобода и дека снимката е „ненаметлива политичка порака“. Исто така, порача дека „конзумирањето марихуана покрај свеста за опасноста на која поединецот се изложува, е неговиот личен избор, а живееме во слободно општество“. 

29.08.2014 - 11:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега