Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора ќе потпишат Декларација за исчезнати лица

 

Претседателите на четири држави од регионот, Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора денеска во Мостар ќе потпишат Декларација за улогата на државата во решавањето на прашањето на исчезнатите лица во оружените конфликти и кршењето на човековите права, а со цел да се поттикне барање на исчезнатите лица во војните.

Декларацијата ќе ја потпишат претседателот на Србија Томислав Николиќ, на Хрватска Иво Јосиповиќ. претседавачот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ и претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ.

Нацрт текстот на декларацијата го предложи Меѓународната комисија за исчезнати лица уште во 2011 година, а целта беше 15-годишнината од основањето на оваа комисија да се одбележи со усвојување на политичка декларација, која би ја потпишале претседателите на четирите земји.

Според достапните податоци, од речиси 40.000 лица исчезнати во конфликтите на просторот на поранешна Југославија, денеска има уште околу 11.000 исчезнати лица, чија судбина не е утврдена.

29.08.2014 - 11:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега