Планирате нешто викендов? Викенд временска прогноза

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне  услови за слаб локален дожд ќе има во крајните југозападните делови. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а во западните предели понекаде ќе дува умерен североисточен и источен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 33°C. УВ индекс 6.

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Максималната дневна температура до 30°C. УВ индекс 6.

Во сабота ќе биде претежно сончево. Попладне во северните, северозападните, западните и југозападните предели ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 6.

 

Во недела претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северозападните, западните, југозападните предели, а во вечерните часови и во останатите предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 24°C до 34°C. УВ индекс 5.

29.08.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега