Штипјани уникатни во приклучувањето на ледениот предизвик

Младите штипјани на уникатен начин се приклучија на „ice bucket challenge“. Многумина во Македонија бесцелно се поливаат со вода без да донираат средства за Амиотрофична латерална склероза (АЛС). Младите од Штип сметаат дека многу попрагматично е да се донираат пари за да му се помогне на некој што живее во нашата средина и на кој помошта му е итно неопходна, пренесува Сител.

Олгица Тодоровска е 21 годишна штипјанка која боледува од карцином на гениталиите, на која и после пет операции карциномот и се проширил на дел од тенкото црево и мочниот меур.

По веста за нејзината здравствена состојба, штипјани се приклучија на хуманата мисија.

-Ова го правам единствено со цел да и помогнам на девојката Олгица Тодоровска- изјави за Сител Деспина Царева.

Олгица во моментот е на лекување во Скопје и покрај редовната хемотерапија потребно е да прима и биолошка терапија за која се потребни поголеми финансиски средства.

Доколку сте хумани и сакате да и помогнете на Олгица завртете на броевите 070 143-102 и 077 143-706 со што донирате 100 денари, или за поголема сума да уплатете на жиро сметка во банка.

29.08.2014 - 10:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега