Ристески им помогна на 65 семејства со легализацијата на дивите градби
Греадоначалникот на Прилеп Ристески додели нови 65 решенија за дивоградби. Решенијата беа издадени вчера во просториите на градската библиотека „Борка Талески“.
За овие предмети потребно е да се поднесе комплетна документација, во кое е предвидено да се достави Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист за земјиштето.
Доделувајќи ги новите решенија Градоначалникот Ристески уште еднаш изрази задоволство од големиот интерес што го покажаа прилепчани за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти.
Официјалните информации говорат дека Прилеп останува на првото место на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа