Најмалку 14 лица загинаа во лизгање на земјиште во Кина
Најмалку 14 лица загинаа, 22 се повредени и 11 се сметаат за исчезнати во лизгањето на земјиштето кое прекри село во југозападна Кина, соопштија денеска кинеските медиуми.
Повеќе од 600 припадници на спасувачките тимови трагаат по преживеаните во селото Јингпинг во провинцијата Гуиџоу, каде во одронот кој се случи во средата навечер, урнати се 77 куќи, јави кинеската новинска агенција Синхуа.
Во одронот оштетен е и еден резервоар за вода, што предизвика поплава и дополнително го загрози погоденото подрачје.
29.08.2014 - 10:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа