Косовската претседателка повика да се почитува одлуката на Уставниот суд

 

Косовската претседателка Атифете Јахјага оцени синоќа дека одлуката на Уставниот суд е „задолжителна за сите“ бидејќи гарантира кредибилен и праведен процес.

Уставниот суд го оцени за неважечки изборот на Иса Мустафа на 17 јули за претседател на косовското Собрание, а Јахјага, според зборовите на нејзиниот портпарол, ги повикала пратениците да најдат решение за конституирање на институцијата која ги претставува интересите на косовските граѓани кои ги бирале.

- Демократската култура и политичката зрелост ќе придонесат за намалување на тензиите кои можат да се рефлектираат и на граѓаните на Косово кои покажаа смиреност, зрелост и достоинство за време на целиот процес, порача Јахјага.

Медиумите оценуваат дека изјавата на Јахјага доаѓа како реакција на протестите на активистите на Самоопределување пред Уставниот суд и најавите дека за одбрана на демократијата ќе користат и поинакви начини на протести.

29.08.2014 - 10:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега