Мртви кучиња, распаднати лешови, расфрлани екстремитети од кучиња во Кочани
Врзани, изгладнувами и траумирани кучиња оставени бз вода и храна се забележани на улицата Скопска во Кочани. Ваквите информации беа обелоденети од „Анима Мунди“, здружение за заштита на животните кои биле известени од нивните колеги Здружението „Втора шанса“ од Кочани. стигнале информации за монструозно малтретирање на кучиња во Кочани.
Како што велат од здружението, благодарение на истрагата на Здружението „Втора шанса“ од Кочани, дошле до сознанија дека на улицата Скопска во Кочани, пред објект во изградба, може да се видат малтретирани кучиња.
-Врзувани, изгладнувани и траумирани кучиња, кучиња оставени без вода, кучиња кои преку ноќ исчезнуваат и на кои им се губи секоја трага, се слика на еден напуштен објект во изградба, во Кочани (реон улица Скопска). При влезот во објектот ве полазуваат морници – секогаш наоѓате некое ново куче, преплашено, кое моли за помош, дехидрирано и прегладнето.Се вртите и гледате остатоци од тела на мртви кучиња –распаднати лешови, расфрлани екстремитети. Лицето е пријавено и и е познато на полицијата, но никој никогаш не превзел ништо- велат од Анима Мунди.
Од здружението бараат темелна истрага и најстрога казна за сторителот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа