Американски војници и тенкови ќе бидат распоредени во Источна Европа

 

САД ќе испратат тенкови и војници во Источна Европа во обид да се смират НАТО сојузниците, кои се загрижени поради руската инвазија во Украина, јавија државни функционери од Пентагон.

Околу 600 војници од Првата бригада на Првата тенковска дивизија ќе бидат распоредени во октомрви во Полска и балтичките држави за учество во воени вежби со НАТО сојузниците.

- Тие ќе ги заменат војниците од 173. воздушно-десантна бригада, истакна портпаролот на Пентагон, полковник Ванеса Хилман.

За разлика од единиците што ќе бидат заменети, војниците од бригадата „Железен коњ“ стационирана во Форт Худ во сојузната држава Тексас ќе бидат распоредени со тенкови М-1 Абрамс и воена пешадиска механизација.

29.08.2014 - 09:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега