Одржан итен состанок на СБ на ОН за Украина

 

Советот за безбедност на ОН во Њујорк одржа итен состанок за кризата во Украина, по инфорамциите дека Русија испратиле илјадници војници за поддршка на проруските сили во источниот дел на Украина.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост поради информациите дека борбите од источниот дел на Украина се шират кон југозапад, а ОН немаат начин да ги потврдат најновите информации за руска инвазија.

Според НАТО најмалку 1.000 војници се на терен, како поддршка на проруските сили, кои се борат против властите во Киев од април годинава, додека Русија тврди дека на украинска територија нема нејзини војници.

Американскиот амбасадор во ОН Саманта Пауер изјави на состанокот на СБ на ОН дека Русија манипулира и отворено користи лаги, додека рускиот претставник во ОН Виталиј Чуркин го обвини Киев дека води војна против својот народ. Пауер, исто така, нагласи дека состанокот е 24. средба на ОН на што има за цел да се спречи руското мешање во Украина.

Заменикот секретар за политички прашања во ОН Џефри Фелтман го отвори состанокот изјавувајќи дека најновите случувања во Украина претставуваат опасна ескалација на конфликтот во Украина.

- Има руски доброволци во источните делови на Украина. Тоа никој не го крие, изјави Чуркин, истовремено отворајќи го прашањето за присуството на западни советници и од кого украинската армија добива оружје.

29.08.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега