Силен земјотрес ја погоди Грција
Јужна Грција утринава беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала, а засега нема информации за евентуални жртви материјални штети.
Епицентарот на земјотресот, како што наведуваат од Геофизичкиот институт во Атина, е локализиран во Критското Море, на 120 километри, источно од Спарта, на полуостровот Пелопонез.
Потресот бил почувствуван и на островот Крит, како и во Атина, а по него следувал и втор удар со јачина од 4,7 степени.
Грчките сеизмолози земјотресот го вбројуваат во оние со средна длабочина и оценуваат дека не треба да предизвикуваат загриженост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа