Украина бара голема воена и техничка помош од ЕУ
Украина побара од ЕУ да и испрати голема воена помош по „отвореното руско навлегување во земјата“, изјави украинскиот амбасадор во Унијата, Константин Елисеев.
- Бараме да се одржи вонредна седница на ЕУ на 30 август околу прашањата за Украина. Солидарноста треба да се материјализира преку значителни санкции и голема воена и техничка помош, истакна Елисеев.
Се очекува в сабота претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо да се сретне со украинскиот претседател Петро Порошенко и со него да ги разгледа прашањата околу поддршката, која ЕУ може да и ја даде на Украина, потенцира портпаролот на Комисијата, Џонатан Тод.
Меѓу темите за разговор ќе бидат и развојот на ситуацијата во источниот дел на Украина и претстојните парламентарни избори во земјата.
Портпаролот на европската дипломатска служба Маја Кочијанчич истакна дека ЕК е „многу загрижена“ од најавите за навлегување на руска војска во Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа