Нови судири на полицијата со демонстрантите во Турција

Нови судири меѓу демонстрантите и турската полиција избија изутринава во Истанбул.

Полицијата употребила солзавец против група демонстранти во близина на канцеларијата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул, а групата одговорила со фрлање камења, пренесува БТА.

Според локалните медиуми, во текот на изминатата ноќ уапсени се над 500 демонстранти, откако безбедносните сили ги разбија протестите на неколку илјади лица во главниот град Анкара.

Турската телевизија Фокс соопшти дека 300 лица се приведени во Измир, третиот по големина град во Турција.