Претседателот на Парламентот во Нигер избега од државата пред да биде сослушан за аферата со трговијата со бебиња
Претседателот на Парламентот во Нигер избега од земјата, откако му беше одземен имунитетот за да биде сослушан во врска со истрагата за трговија на бебиња.
Хама Амаду пребегнал во соседната држава Буркина Фасо, јави вчера државната телевизија на Нигер.
Тој избегал неколку часа откако пратениците ја изгласаа одлуката за одземање на неговиот имунитет.
Сопругата на Амаду, министерот за земјоделство и уште 16 други лица се во притвор под сомнение дека учествувале во мрежа за трговија со бебиња во Нигер.
28.08.2014 - 13:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа