СКАНДАЛ: Кајмакоски полуде во Велес – „Ете ви го Маид, нека ви прави концерт!“

Завчера, на 26 август на базенот „Снупи“ во Велес се одржа финалето на музичкиот натпревар „ФМ Талент 2014“ во организација на 5ФМ радио, а како ѕвезди на вечерта беа најавени Даниел Кајмакоски и Маид Хечимовиќ, но наместо пријатна музичка атмосфера, Кајмакоски налутено го напуштил настанот, зошто сметал дека потфрлила организацијата, објавува порталот Вистина.

daniel kajmakoski

Имено, Даниел Кајмакоски со задоволство ја прифатил понудата да биде дел од жирито на музичкиот натпревар бидејќи многу му се допаднала веселата публика која одлично го пречекала само 10-тина дена пред финалето, но кога пристигнал го затекнала сосема нова ситуација.

maid daniel kajmakoski bazen snupi

Кога пристигнал на базенот, организаторот наводно му се заблагодарил за присуството и го известил дека неговото место во жирито е веќе пополнето, но дека ќе може да испее една песна за време на гласањето. При расправијата, наводно организаторот го навредил победникот на „Х-Фактор Адриа“ исмевајќи го за тоа каква ѕвезда е:

„Ти каква ѕвезда си? Маид една недела не можевме да го добиеме, а тебе за еден саат те договоривме и се нацрта тука“ – биле божемните зборови кои организаторот  му ги упатил на Даниел, велат извори блиски до пејачот.

Новонастанатата ситуација страшно го изнервирала Даниел кој налутено веднаш го напуштил местото и им порачал:

„Не настапувам, ете ви го Маид, тој нека ви држи концерт!“

28.08.2014 - 12:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега