Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Голема Богородица

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповест им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица.

- Денес сите православни христијани ги чествуваат мирот, мудроста и толеранцијата, вредности кои се силно вкоренети во нашата вера и традиција, вредности кои ни носат спокој и радост во душата. Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, нека овој светол празник донесе љубов и среќа во секој дом. На вака голем ден да покажеме толеранција и разбирање, да научиме да простуваме и да ги почитуваме највисоките морални вредности, бидејќи тоа е клучот на патот до исполнет и спокоен живот, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

28.08.2014 - 11:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега