По петти пат во историјата Македонија на завршницата на ЕП

Македонија по пети пат во својата историја ќе биде дел од најдобрите селекции на завршницата на Европските кошаркарски првенства.

До своето четврто последователно учество на Евробаскетото, македонските кошаркари се изборија по вчерашната победа во дуелот против Белорусија со 72:66, во натпревар од последното коло од квалификациите за ЕП 2015 година.

Дамјан Стојановски со 13 поени беше најефикасен во нашата репрезентација за која Ричард Хендрикс оствари уште еден „дабл-дабл„ учинок со 12 поени и 10 скокови.

Во првиот натпревар од „Д„ групата, Белгија на гости ја совлада Данска со 77:63.

Со пет победи и само еден пораз идентично како и селекцијата на Белгија, македонските кошаркари ги завршија квалификациите на второто место, но со најдобар учинок од сите седум селекции кои ги освоија вторите позиции во своите групи. 

28.08.2014 - 10:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега