Нема да погодите какво време не очекува денеска

 

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови, кој наместа ќе достигнува брзина до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 22, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 17 и со дневна до 28 степени.

Во охридско-преспанскиот регион температурата ќе достигне до 27, а во Дојран до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

И во наредните денови времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне со услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. 

28.08.2014 - 09:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега