Воз излета од шините во Австрија

 

Обилните дождови предизвикаа голем број одрони на земјиште низ цела Австрија, особено во провинцијата Тирол каде товарен воз во текот на ноќта излета од шините.

Според соопштението на полицијата, возот што превезувал камиони, излетал од шините поради одрон на земјиште.

Машиновозачот не успеал навремено да го запре возот и удрил во мешавината од земја и камења на шините. Предниот дел од возот излетал од шините, поради што привремено е запрен сообраќајот на железничката пруга „Бренерштреке“.

Австралиската железница во неделата поради поплавите и одроните го прекина меѓународниот сообраќај кон Северна и Западна Европа.

Во поплавите и поројните дождови во Австрија едно лице загина, а три се водат за исчезнати. Водостојот на Дунав изутринава кај Киншток изнесувал 9,59 метри и постојано се зголемува

најчитано сега