Девојките решија да прозборат- конечно ќе се знае вистината за убиецот на Лука

 

Двете девојки осомничени за молчење и криење на возачот кој го прегази младиот Лука Јовановиќ (21) повторно ќе бидат сослушани во четврток и тоа по сопствено барање.

 

- Tамара Богдановиќ и Милица Новаковиќ, по одредениот питвор од 30 дена сфатиле дека се во големи проблеми па поради тоа се изјасниле дека ќе дадат нова изјава во која детално ќе раскажат се во врска со Марко Миличевиќ, за кој изјавија дека возел “кантримен”.

Него како возач на “кантримен” го препознале осомничените. Неговиот кум Влада Весовиќ  е единствениот кој знае каде е сокриен автомобилот со кој е усмртен младиот Лука бидејчи како што изјавиле девојките тој му помогнал на убиецот во прикривање на трагите.

Еден ден по сослушувањето на овие две девојки, закажано е идентификување на осомничениот Весовиќ.

 

Тие наводно изјавиле дека не го познаваат Весовиќ од фотографиите, иако по несреќата ја поминале ноќта заедно во неговиот стан каде се истуширале и ги отстраниле крвавите траги од нивната облека. 

27.08.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега